Среќен роденден претседателе на БК Вардар, проф.Љубиша Пешко

Денес својот роденден го прославува, Проф.Љубиша Пешко, претседателот на БК Вардар. Тој е роден  08.08.1968 , Скопје-Македонија. Бил репрезентативец на поранешна Југославија и Р.Македонија категорија до 74кг , учесник на повеќе Европски и Светски првенства.

Кариерата ја започнува кај Ристо Таков во БК Скопје , потоа Бојан Рангелов го презема во БК Вардар каде со 18 години станува сениорски репрезентативец под водство на Насе Насев. Во успешната боречка кариера ги брани боите на Спартак-Руен и Европскиот и Светскиот клубски првак Бучим-Јака. Успешно ги завршува студиите на Факултет за Физичка Култура во Скопје и работи како професионален тренер 1996 – 1999 во Спартак од Кочани , а потоа од 1999- 2003 во БК Вардар. Во 2004 заминува на постојан престој и работа во Стокхолм, каде активно работи во БК Huddinge и БК Botkyrka Wrestling Academ, каде што создава услови за развој на Македонските репрезентативци.