КОИ СМЕ НИЕ

БК Вардар како и многу спортски колективи со истото име ги пројде премрежијата на транзицијата во нашата земја. Пред 20 ина години со заминувањето на г-н Пешко Љубиша од местото тренер на борачите клубот почна да бележи помалку значајни резултати и да замира. На иницијатива на вљубениците во борењето и со голема желба во 2014 година повторно се возобнови како организација со сите потребни елементи. Формиран е Управен Одбор кој зацрта план и програма и задачи кој треба да се исполнат до 2016 година.Во клубот се вратени самите основачи на БК Вардар т.е. првите тренери и основачи на борењето во Македонија : Ристо Таков и Бојан Рангелов. Двајцата заедно со Професор Д-р Страшо Глигоров (сите поранешни селектори на Југославија и Македонија во борење) се назначени за Кординатори на БК Вардар.

Под нивни надзор ќе работат тренерите : Љубиша Пешко-Шеф на стручен штаб , Игор Неделковски-тренер ,Беким Мустафа-тренер , Штерјо Митров – тренер и Гајдар Гајдаров – интернационален тренер. За директор е назначен Мирко Димчевски (МОК), а на фунцијата секретар на клубот се наоѓа Љубчо Лазаревски (ФБСМ). Преседател на клубот Вардар и преседател на самиот УО е младиот бизнисмен г-н Далибор Милановски.

Со вака сериозна поставеност на структурата на клубот се очекува тимот Вардар да го заземе местото кое му припаѓа а тоа е бренд број еден во Борењето во нашата земја и да има свој преставници на олимписките игри во Рио 2016 година.

Љубиша Пешко, претседател на БК Вардар