СКАНДАЛ ВО МАКЕДОНСКОТО БОРЕЊЕ – НАМЕРНО ИЗОСТАВЕНИ ВРВНИ СПОРТИСТИ!
Боречкиот клуб Вардар остро реагира на скандалозната и крајно нетранспарентна ранг листа за 2025 година објавена од Боречка Федерација на Северна Македонија.
Со целосна одговорност тврдиме дека од листата се намерно изоставени врвни македонски репрезентативци и докажани шампиони:
Ахмад Магомедов
Адам Модосјан
Реџеп Таири
Анастасија Трајчева
Леа Стојковска
Ова не е пропуст – ова е директен удар врз спортската правда, професионализмот и интегритетот на македонското борење. Наместо објективни критериуми и резултати, сведоци сме на селективност, фаворизирање и сериозни злоупотреби.
Ги повикуваме надлежните институции, вклучително и Министерството за спорт на Северна Македонија, веднаш да реагираат и да спроведат темелна истрага за овој случај.
Доколку во најкраток рок не се исправи оваа неправда, Боречкиот клуб Вардар ќе преземе сите правни мерки, вклучително и судска постапка, за заштита на своите спортисти и вистината.
Нема да дозволиме трудот, резултатите и достоинството на нашите шампиони да бидат понижени!
Претседател на БК Вардар
Проф. Љубиша Пешко
